На вчера одржаниот состанок на претставници на 20 клуба од Премиер лигата беше одбиен идејата за воведување ВАР систем во Англија од следната сезона. Иако ВАР ќе има и на СП оваа година во Русија, сепак премиерлигашите рекоа – НЕ.
Поточно, само неколку од премиерлигашите не се согласувале, а тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола откри кои биле најгласните противници на воведувањето на новата технологија…
„Манчестер сити се согласи со воведување на ВАР, но некои тимови од врвот, Јунајтед и Челси не сакаа тоа да се воведе“ – вели Гвардиола кој е голем заговорник на новата технологија за која вели дека им е неопходна на судиите како помош…
„Сега тие одбија, но како и да е ќе се случи еден ден. Не само тука во Англија туку секаде во светот. На судиите им е неопходна помош затоа што денешниот фудбал е далеку побрз. Денеска, на пример, имаме дебата дали било пенал или не за Реал Мадрид против Јувентус… На судиите не им е лесно, мора да им се помогне“ – дополнува менаџерот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА