Гвардиола полуде по лесно примениот гол од Арсенал, настрада столицата (ВИДЕО)

Дербито на петтото коло во Премиерлигата помеѓу Манчестер Сити и Арсенал заврши со реми од 2-2 откако мрежите ги тресеа Халанд, Калафиори, Габриел и Стоунс.

„Граѓаните“ први поведоа, но примија гол по контроверзна ситуација откако по разговор со судијата, капитенот Вокер не се врати на својата позиција, а празнината ја искористија „топчиите“ да стигнат до шестнаестникот на противникот.

Тоа го разбесни тренерот Пеп Гвардиола од кој на социјалните мрежи се појави видео како бесот го исфрла кон своето седиште на клупата.

Pep Guardiola kicks his own chair in anger after Arsenal’s equalizer
byu/OptimusCloyster insoccer

Се вчитува...