Гвардиола: После Манчестер Сити нема да работам никаде

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола рече дека кога ќе си замине од доскорашниот англиски првак, ќе направи пауза од тренерската работа, притоа не истакнувајќи колку ќе трае тој одмор.

Гвардиола е предводник на Сити веќе девет години, што е најдолг тренерски мандат во кариерата. Претходно четири години ја водеше Барселона, а три години Баерн Минхен. Потпиша нов договор со тимот од Етихад, со кој останува најмалку до 2027 година.

„Сакам луѓето да ме паметат како што тие сакаат“, рече Гвардиола за ЕСПН Бразил.

„Откако ќе ми истече договорот со Сити и кога ќе си заминам, ќе застанам. Сигурен сум. Не знам дали во целост ќе се повлечам, но ќе земам пауза. Сите тренери сакаат да победуваат за да ги паметат по нешто големо. Барселона, Баерн и Сити – се надевам дека гледачите уживаа како моите екипи играат. Мислам дека не треба да размислуваме дали ќе не паметат или не. Кога ќе умреме, тогаш семејството жали 2-3 дена, и потоа е готово, остануваме заборавени. Во тренерските кариери има и добри и лоши моменти, а најважно е оние добри да се паметат малку повеќе“, рече Гвардиола.

Се вчитува...