Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето од ФА Купот по комотен триумф над Њуксал Јунајтед од 2-0 со што тимот предводен од Пеп Гвардиола ја продолжи битката за одбрана на „триплетета“ освоена претходната сезона.
Шпанскиот стратег не го криеше задоволството од прикажаното на неговите момци, а посебно го издвои учинокот на Матео Ковачиќ, Родри и Бернардо Силва.
„Знам дека играме со цел да победиме во финалето, но за да освоите некој трофеј мора да победувате и во раната фаза. Освоивме четири Карабао купови во низа и сега сме во шест полуфиналиња на ФА купот едно по друго. Да трчаме и да играме на начинот на кој што го направија тоа моите фудбалери денеска е неверојатно. Честитки на екипата, никој не успеал во тоа претходно.
Игравме многу добро, бевме многу добри со топката. Матео, Родри и Бернардо одлично ја чуваа топката. Играта ни беше неверојатно добра“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА