Серхио Агуеро дефинитивно нема да го предводи нападот на Манчестер сити на утрешниот меч на „Енфилд“ против Ливерпул, потврди стратегот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција во пресрет на четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Гвардиола се надеваше дека аргентинскиот голгетер ќе се рехабилитира од повредата на коленото заработена пред околу еден месец, но Агуеро не ги минал последните лекарски тестови.
„Агуеро воопшто не допатува со нас во Ливерпул. Се надеваме дека ќе можеме да сметаме на него за претстојниот меч од Премиер-лигата со Манчестер јунајтед“ – истакна Гвардиола.
Во отсуство на Аргентинецот, нема дилеми дека нападот на „граѓаните“ на утрешниот меч на „Енфилд роуд“ ќе го предводи бразилскиот репрезентативец Габриел Хесус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА