Гвардиола потврди: Де Бруине не мрда од Манчестер Сити

Пеп Гвардиола ги разреши сите дилеми околу иднината на Кевин де Бруине, ставајќи крај на шпекулациите дека белгискиот ас летово ќе си замине од Манчестер Сити и ќе се пресели во Саудиска Арабија.

За услугите на овој фудбалски генијалец навистина постоеше сериозен интерес од Саудиска Арабија, но челниците на Сити јасно ставија до знаење дека Де Бруине нема да си замине од редовите на англискиот првак, нешто што денеска го потврди и самиот Гвардиола.

„Кевин нема да си замине. Знам што се пишуваше изминатиот период, но тоа не е вистина, вистината е дека тој и во следната сезона ќе го носи нашиот дрес. Не ја отфрлам можноста за нови фудбалери, но мислам дека најмалку 85% сум сигурен дека ќе го имаме истиот тим како и ланската сезона“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити ќе ја почне одбраната на титулата на гостувањето против Челси закажано за 18 август.

Се вчитува...