Манчестер Сити утре се среќава со Барнли во рамките од Премиер-лигата, меч за кој Пеп Гвардиола повторно ќе го има на располагање Ерлинг Халанд.
Најдобриот стрелец на „граѓаните“ беше „во аут“ повеќе од еден месец по повредата на стапалото, но норвешкиот ас ги надмина проблемите, тренираше со тимот во последните неколку дена и доби зелено светло за настап.
„Конечно сме комплетни и тоа е одлична вест за сите. Да, се враќа и Ерлинг Халанд, кој ќе биде дел од екипата“, изјави Гвардиола, не обелоденувајќи дека Норвежанецот е „фит“ да биде стартер или пак шанса ќе добие дури во второто полувреме.
Манчестер Сити се наоѓа на делба на второто место на табелата со Астон Вила и Арсенал, со пет бода заостанување и меч помалку во однос на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА