Втора година по ред, Пеп Гвардиола го добива признанието за најдобар менаџер во Премиер-лигата. Тој во тесната трка речиси идентично како и во битката за шампионскиот трофеј го победи Јирген Клоп. Шпанецот стана еден од ретките кои повеќепати го понеле ова признание. Во потесниот избор беа и Маурисио Покетино и Нуњо Еспирито Санто.
„Би сакал да ја споделам наградата со моите играчи бидејќи тие се креаторите на успехот, се разбира и со мојот тим бидејќи заедно се боревме многу и секако со сите менаџери во Премиер-лигата, особено со Јирген Клоп кој беше неверојатен противник“ – изјави Гвардила по добивањето на наградата.
Признанието, Гвардиола го добива од колегите. За оваа награда гласаат менаџерите на англиските фудбалски клубови. Носител на главното признание „Сер Алекс Фергусон – менаџер на сезоната“ е предводникот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА