Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кажа дека неговиот тим тешко ќе ја одбрани тројната круна освоена минатата сезона, откако неговиот тим ја освои Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.
Граѓаните може да бидат првиот тим кому му успеало да ги одбрани сите три трофеи, како и да биде шампион во Премиерлигата четири пати по ред.
„Тоа се случува еднаш во животот. Невозможно е повторно да го постигнеме тоа кое го направивме минатата сезона. Се искачивме највисоко во Англија и во Европа, и сега повторно го почнуваме патот кон успеси. Нашиот фудбал и нашиот менталитет ќе одредат каква сезона ќе имаме“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

