Гвардиола прави чуда, Манчестер Сити со рекорд во ЛШ

Манчестер Сити го совлада Слован со 4:0 во Братислава во натпреварот од 2.коло од Лигата на шампионите. Тоа беше прва победа на избраниците на Пеп Гвардиола оваа сезона во најсилното европско фудбалско натпреварување, откако во првото коло одиграа 0:0 против Интер. Продолжи оваа голема серија на клубот од „Етихад“ во Лигата на шампионите, сега рекордна.

Со победата во Словечка, Сити ја продолжи својата серија без пораз во Лигата на шампионите и сега таа изнесува 25 натпревари, со 17 победи и осум нерешени. Со тоа Сити го израмни рекордот на својот градски ривал Манчестер Јунјатед под водство на сер Алекс Фергусон која траеше од сепмтеври 2007 до мај 2009 година.

Последниот тим кој го победи Сити во регуларниот дел беше Реал Мадрид во полуфиналето во сезоната 2021/22.

Се вчитува...