Манчестер сити убедливо се наоѓа на првото место во Премиер – лигата и ита кон шампионската титула, а менаџерот Пеп Гвардиола размислува како да има уште посилен тим за следната сезона. Негова голема желба е шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон, кој е член на Реал Мадрид. Тој посакува да го доведе 25-годишниот одличен играч за врска на „кралскиот клуб“ на Островот по завршувањето на сезоната.
Веќе има и направено математика. Гвардиола е подготвен да плати 90 милиони фунти и плус да го испрати Бернардо Силва на „Сантијаго Бернабеу“, за да го добие Иско на „Етихад“.
Досега Иско во дресот на Реал Мадрид има одиграно 221 натпревари и има постигнато 39 гола и реализирано 51 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА