Фудбалскиот клуб Манчестер сити го врати норвешкиот репрезентативец Свере Нипан од неговата позајмица од Мидлсбро. Нипан пристигна во Манчестер сити во јуни минатата година од Розенборг за околу 12,5 милиони фунти, а потпиша договор со англискиот клуб до јуни 2030 година.
Потоа Манчестер Сити го испрати норвешкиот фудбалер на позајмица во Мидлсбро до крајот на сезоната. Нипан одигра 22 натпревари за Мидлсбро оваа сезона и ќе го носи дресот со број 41 во Манчестер Сити.
Нипан помина низ сите младински селекции на Норвешка, а минатата година дебитираше за А-тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

