Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека Премиер-лигата е најтешка. Тој има повеќе тренерски трофеи во Шпанија и во Германија, но смета дека конкуренцијата во Англија е наjсилна. Пеп со Сити е во обид да ја одбрани титулата и е во тесна трка со Ливерпул.
„Што се однесува до квалитетот на ривалите, дефинитивно во Англија е најтешко. Затоа пак е многу добро да се биде тука“ – вели Гвардиола.
Сити и Ливерпул се во неверојатно израмнета битка за титулата, на бранителот на тронот му е потребно да победи вечерва против Лестер, но и против Брајтон следната недела за да го одбие нападот на тимот на Клоп. Во моментов Ливерпул има два бода повеќе од Сити и затоа на составот на Гвардиола му е неопходен триумф во мечот од 37.коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА