Манчестер Сити им се врати на победите во Премиерлигата триумфирајќи против Нотингем Форест со 3-0 во 14. коло. Со тоа беше ставен крај на серијата без победа на седум последаователни натпревари.
Трите бода го задоволија Пеп Гвардиола кој по средбата имаше и интересна изјава велејќи дека Премиерлигата е се потешко натпреварување од сезона во сезона.
„Имавме тежок период, но мораме да ги прифатиме предизвиците и да се носиме со нив. Мислам дека овој пат бевме добри. Сите гледаме дека Премиерлигата е се потешка, се понапорна, секој противник е се потежок. Сите им одземаат бодови на сите. Мора да напредуваме, прво мораме да се обидеме да продолжиме да победуваме, а за неколку месеци ќе видиме до каде сме“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

