Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, беше избран за најдобар менаџер во Премиер лигата за изминатата сезона. Менаџерот на Манчестер Сити ја освои наградата по петти пат во кариерата. Повеќе пати наградата стана во посед само на Сер Алекс Фергусон – 11.
Гвардиола ги предводеше „Граѓаните“ до титулата рекорден четврти пат по ред. Во последните 7 сезони, тимот на Етихад стана шампион вкупно 6 пати. Повеќе титули од каталонскиот стручњак има само Фергусон, кој 13 пати стануваше првак со Манчестер Јунајтед.
„Би сакал да ја споделам наградата, особено со Микел Артета за неговата неверојатна работа и што ни направи притисок до последниот натпревар. Се разбира, и со Јирген Клоп поради незаборавната конкуренција долги години. И со тоа што Унаи Емери направи нешто речиси неверојатно, и го однесе тимот на Астон Вила во Лигата на шампионите. И со Андони Ираола за се што направи со Борнмут во првата сезона во Премиер лигата по тешкиот почеток. За мене е голема чест да работам во конкуренција со сите нив и да ја освојам оваа награда.“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА