Кајл Вокер и официјално се пресели во редовите на Милан ставајќи крај на седумгодишната кариерата во Манчестер Сити каде со капитенската трака на раката подигна шест трофеи во Премиерлигата, а успеа да ја освои и Лигата на шампиони.
Со тоа тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола во турболентната сезона остана со значаен фудбалер помалку. Шпанецот го изрази незадоволството од трансферот на пресконференција за медиуми.
„Кајл Вокер одлучи да замине… Најподготвениот, најсилниот, најбрз дефанзивец кој го имаме одлучи да го напушти клубот“, изјави Гвардиола кој откри и дека му се заблагодарил за долгогодишната соработка.
„Му го кажав тоа лично и пред екипата. Му посакувам само успех, како него, така и на целата негова фамилија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

