Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со голема почит говореше за Реал Мадрид, пред натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ во првиот натпревар гостуваат во главниот град на Шпанија, а Гвардиола е свесен колку тешка работа го очекува на „Сантијаго Бернабеу“.
„Фудбалерите на Реал Мадрид имаат многу финални натпревари во Лигата на шампионите. Кај нас само Клаудио Браво го има освоено натпреварувањето. Реал е клуб на кој сакаме да се угледаме. Навистина му се воодушевувам на Реал Мадрид. Ќе играме на еден од најубавите стадиони на светот. Ќе дадеме се од себе да победиме“, изјави Гвардиола.
Мечот на „Сантијаго Бернабеу“ на програмата е во среда со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

