Калвин Филипс како играч од средниот ред на Лидс се проби во првиот тим на Англија и играше на сите натпревари на Европското првенство во 2021 година, каде неговиот тим стигна до финалето и загуби од Италија на пенали. Следната година оствари трансфер во кариерата потпишувајќи договор со Манчестер Сити кој за него плати отштета од 50 милиони евра.
Филипс ги доживуваше најдобрите денови во кариерата, но тие не продолжија со неговото заминување во Сити. Пред Божиќ 2022 година, тренерот на клубот од Манчестер, Пеп Гвардиола, јавно го критикуваше дека го вратил со повеќе килограми од Светското првенство. Филипс не ја достигна формата во Лидс и досега забележа 31 настап за Сити. Моментално е на позајмица во Ипсвич, за кого оваа сезона забележа четири настапи.
„Веројатно сте слушнале кога Пеп јавно кажа дека имам вишок килограми по Светското првенство. Приказната се прошири на социјалните мрежи. Во секој клуб во кој одев разговарав со менаџери, нутриционисти и други, а сите прво зборуваа за тежината. Дојде до таму што ме изнервира. Бев фрустриран, но сега дојдов во Ипсвич, каде Киеран Мекена е неверојатна личност, но и тренер. Разговаравме за ситуации кои ми се случија во минатото. Тој рече дека имам силно тело и сака да играм како во Лидс или кога го напуштив. Тоа е добра почетна точка, се надевам дека ќе можам да се вратам таму каде што бев“, рече Филипс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА