Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака неговиот поранешен клуб Баерн Минхен да го елиминира Ливерпул од осминафиналето во Лигата на шампионите. Гвардиола по убедливиот триумф над Шалке со 7-0 порача дека и покрај тоа што „црвените“ би биле поодморени во борбата за Премиер лигата, тој сака тие да бидат елиминирани.
„Се извинувам на сите Англичани, но би сакал Баерн да помине. Бев дел од тој клуб, го сакам Минхен и го сакам Баерн. Таму имам многу пријатели“, беше искрен шпанскиот стратег.
Реванш дуелот од осминафиналната фаза меѓу Баерн и Ливерпул на програмата е вечерва, а првиот меч на „Енфилд Роуд“ заврши без победник 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА