Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола порача дека во иднина би сакал да биде тренер на некоја репрезентација.
Иако Пеп го чекаат уште неколку години на клупата на „граѓаните“, тој изрази желба да преземе селекторска функција во иднина. А, има ‘добра’ причина зошто го сака тоа…
„Да, во иднина сигурно ќе бидам селектор. Сакам да бидам вклучен во фудбал, но еве да кажеме на секои три дена. Така би има време и за голф“ – вели Гвардиола и дополнува:
„Порано или подоцна тоа ќе се случи. Секако доколку некоја фудбалска федерација и ме посакува како селектор“.
Гвардиола во досегашниот дел од кариерата водеше три клуба – Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити. На клупата на „граѓаните“ е од 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА