Стастите по големото англиско дерби помеѓу Манчестер Сити и Арсенал не стивнуваат и недела дена по одигрување на натпреварот на „Етихад“ кој заврши со реми од 2-2.
Изјавата на Џон Стоунс во која во оптужи Арсенал за „играње на фудбал каков што многу клубови не практикуваат“ следеше одговор и од Микел Артета. Тренерот на „топчиите“ кој во минатото беше помошен терен во Манчестер Сити изјави „Бев во Сити. Бев таму четири години. Ги имам сите информации и се знам. Верувајте ми“, а сега следеше реакција и на Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стартег порача дека чека објаснување на изјавата од својот поранешен помошник, но и најави „војна“.
„Следниот пат кога ќе се видиме мора да ми објасни што сакаше да каже. Тврди дека бил тука четири години и знае што се случувало. Тоа може да се поврзе со актуелните оптужби против клубот, можеби за тоа говореше. Можеби знае нешто за тоа. Во добри сме односи па ќе барам прецизен одговор.
Габриел добро кажа по натпреварот. „Тоа е војна, мораме да го испровоцираме противникот“. Што друго? Сакате војна? Епа ќе ја добиете“, вели Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА