Гвардиола: Сакав да го доведам Хари Мегваер

Пеп Гвардиола во најавата за натпреварот со Њукасл во второто коло од Премиерлигата зборуваше и за можните засилувања на Манчестер Сити.

Шпанскиот стручњак проговори за неколку имиња, а особено беше интересно што го спомена неодамнешниот капитен на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

„Сакавме да го доведеме Хари Мегваер, но не го потпишавме договорот бидејќи обештетувањето за него беше превисоко“, изјави Гвардиола. 

Се вчитува...