Одлуката на Мохамед Салах да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, една година пред истекот на договорот ќе биде една од главните теми до крајот на оваа сезона. И така е пред дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити во четвртфиналето на ФА Купот кој се игра утре со почеток во 13.45 часот.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше со пофалби за Египќанецот, за кого вели дека е еден од великаните на оваа игра.
„Тој е еден од најголемите. Каков играч! Мислам дека е навистина неверојатен човек. Голови и асистенции, апсолутна легенда на Ливерпул, но поради сè што направи, тој е и легенда на Премиерлигата“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

