Ливерпул и Манчестер сити денеска ја играат дерби пресметката во Премиер лигата. На „Енфилд“ следи дуелот на двете првопласирани екипи кои имаат по 19 бода, и се уште сезонава не запишале пораз.
Пред мечот, како по обичај, следеа голем број споредби меѓу фудбалерите… Така и онаа меѓу Мохамед Салах и Серхио Агуеро, но менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека Аргентинецот од неговиот тим е далеку пред Египќанецот во многу нешта.
„Салах е помлад и беше тоа негова прва сезона по враќањето во Англија. Ќе видиме колку реално може во иднина. Тип кој ќе постигне 50 гола во сезона сигурно има квалитет, но фудбалот е таков со растови и падови“ – вели Гвардиола и дополнува:
„Салах е одличен игра, но Агуеро игра на едно исто ниво веќе осум или девет години, тој е далеку над Египќанецот од тој аспект. За Салах ќе зборуваме после седум или осум години“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА