Гвардиола: Сами сме виновни што не постигнавме втор гол

Манчестер Сити испушти важни бодови во битката за титула во Премиерлигата откако во 24. коло ремизираше со Нотингем Форест со 1-1. Со тоа „граѓаните“ сега имаат два бода и натпревар повеќе од лидерот на табелата, Арсенал.

И покрај ремито тренерот Пеп Гвардиола беше задоволен од натпреварот во кој неговите фудбалери беа подобриот противник, но додаде и дека тимот е сам виновен што не ги искористил своите шанси подобро.

„Одигравме неверојатен натпревар. Игравме многу добро, ни фалеше само втор гол. Тогаш најверојатно ќе го постигневме и третиот. Промашувавме од неверојатни позиции и примивме гол од практично еден обид на противникот. Тоа е фудбалот, се случуваат такви работи. Сами сме виновни што не бевме ефикасни“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...