Гвардиола: Се надевам дека ќе играме во ЛШ, иако можевме да завршиме и на 14. место

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека е подготвен неговиот тим идната сезона да заигра во Лигата на шампионите. Моментално екипата се наоѓа на петата позиција, и е многу блиску да обезбеди учество во најелитното европско клупско натпреварување.

Гвардиола изјави дека би бил среќен ако одново игра во ЛШ, и покрај тоа што признава дека сезонава можело да биде многу лошо.

„Уживам кога гледам Лига на шампиони. Имаше фантастичен меч во Бирмингем. И Борусија против Барселона исто така беше супер натпревар. Уживам и многу ми недостига ЛШ, но јас сум човек кој не се жали. Тоа е спортот, понекогаш играте таму и среќни стем, понекогаш не. Се надевам дека идната сезона повторно ќе се вратиме со најдобрите клубови во Европа, и да се натпреваруваме со нив подобро отколку оваа сезона. Нема ништо подобро од тоа да се бориш за место во Лигата на шампионите, кога веќе не можеш за титула. Можевме да бидеме и долу на табелата, ако не направивме добри работи во последните 4-5 месеци. Луѓето ќе кажат дека сме четврти, но можевме да бидеме и на 11-то, 12-то, 13-то па дури и на 14-то место. И се уште работите се во наши раце“, изјави менаџерот на Сити.

Се вчитува...