Манчестер Сити се откажа од трката по Хари Мегваер откако Пеп Гвардиола одби да влезе во наддавање со градскиот ривал Манчестер Јунајтед за ангажман на англискиот репрезентативен дефанзивец. Причина – барањето на Лестер „аукцијата“ да почне со 85 милиони фунти, отштета што стратегот на Сити ја оценува како нереална за овој фудбалер.
„Лисиците“ го користат интересот на најбогатите клубови за да го направат Мегваер најскап светски дефанзивец, уривајќи го рекордот на Вирџил ван Дајк, кој пристигна во Ливерпул за 75 милиони фунти. Сепак, Гвардиола не е убеден дека англискиот репрезентативец може да се носи со тој епитет, кој ќе донесе дополнителен притисок и врз фудбалерот, но и врз целата екипа. Токму поради тоа челниците на Сити објавиле дека нема да испраќаат понуда до Лестер за Мегваер оставајќи го отворен патот за Јунајтед да го потпише ова засилување.
Понудата од 65 милиони фунти од „Олд Трафорд“ веќе беше одбиена од страна на челниците на Лестер, па интересно ќе биде да се види дали Јунајтед ќе се согласи на условите на кои инсистираат „лисиците“, 85 милиони фунти без вклучување на ниту еден фудбалер во понудата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА