Гвардиола се жали: Натпреварите повеќе нема да траат 90, туку 100 минути?

Манчестер Сити ја пропушти шансата да ја започне новата сезона на начинот на кој што ја заврши старата – со трофеј во своите раце. Пред „граѓаните“ во англискиот Комјунити Шилд застана Арсенал кој славеше со 2-1 по изведување на пенали.

Избраниците на Пеп Гвардиола имаа предност до 101. минута од натпреварот пред мрежата да ја затресе Тросар, a шпанскиот стратег причината за поразот ја најде во предолгото надополнување.

„Имав впачаток дека без обѕир на тоа што водевме 1-0 не се случија многу работи поради кои натпреварот требаше да биде продолжен осум минути. Мораме да се навикнеме дека натпреварите повеќе не траат 90 минути, туку 100. Сега надополнувањето ќе биде толку долго што може да постигнете, колку, седум голови?“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...