Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, повтори дека само сака да го има на располагање целиот тим, зборувајќи за втората фаза од Лигата на шампионите.
Сити едвај се пласираше во втората фаза од елитното натпреварување каде ги чека или Баерн Минхен или Реал Мадрид.
На прашањето дали Сити може да ја освои Лигата на шампионите, шпанскиот стручњак даде интересен одговор.
„Во овој момент не можеме да ја освоиме ЛШ. Но, во годината кога победивме (2023), секогаш мислев дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Па, јас сум прилично прагматичен. Реалноста е реалност. Тие (Реал Мадрид и Баерн Минхен) имаат поголемо искуство од нас. Реал можеби малку се мачи, но во последните неколку натпревари се вратија и резултатски и играчки. А Баерн Минхен досега имаше неверојатна сезона со Компани. Како што кажав, ако требаше да играме утре, ќе беше тешко. Сепак, за две недели не знам каква ќе биде ситуацијата. Сите играчиво соблекувалната рекоа: „О, Баерн или Реал, во ред е“. Ќе се подготвиме добро, ќе бидеме физички подготвени и ќе дадеме се од себе“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА