Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ со два гола беше главниот виновник за победата на Манчестер сити над Фулам од 3-2 во англиската Премиерлига.
По натпреварот менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за својот фудбалер.
„Тие се бранеа со бековска петорка откако почнавме навистина добро. За две минути создадовме две шанси. Кога бранат со пет, еден човек е слободен на работ од шеснаесетникот, а тоа е Ковачиќ. Денешните два гола беа постигнати затоа што не можеа да го одбранат. Првиот гол беше брилијантен, а исто така и вториот. Сега противниците знаат дека не смеат да го остават сам, во спротивно ќе постигне гол“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА