Манчестер сити им се врати на победите на синоќешниот меч против Ватфорд (3-1) во Премиер – лигата, но менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е загрижен поради друг проблем. Тој смета дека фудбалерите во англискиот шампионат се премногу оптоварени со пеколното темпо на натпревари.
„Ќе ни ’загинат’ фудбалерите. ФА на Англија мора малку повеќе да се грижи и за ритамот на првенството и здравјето на фудбалерите. Тие играат 11 месеци последователно, немаат воопшто одмор. Шоуто е убаво, меѓутоа без вистинските актери ќе нема и публика“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА