Гвардиола: Сити мора да биде подготвен за нов тренер во секој момент

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше интересна изјава пред натпреварот против Вест Хем Јунајтед во Премиерлигата.

Шпанскиот стратег кој е долго време на клупата на „граѓаните“ говореше за можноста да замине од тимот, велејќи дека и покрај тоа што тоа не е планот во моментот, работите можат да се сменат за само еден миг па Манчестер Сити мора да биде подготвен за нов тренер во секој момент.

„Среќен сум тука и сакам да останам. Но, што да ви кажам, на крајот секогаш пресудни се резултатите. Кога ќе се заврши ова поглавие клубот ќе одлучи кој е најдобриот кандидат да ја продолжи оваа неверојатна низа на Манчестер Сити. Во минатите години слушнавме разни гласини многу пати, но јас сакам да останам. Ќе видиме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.

„Манчестер како клуб мора да биде подготвен за следниот тренер. Јас сум чуден човек, можеби едно утро ќе се разбудам и ќе кажам – Знаете што? Заминувам, чао чао.

Клубот мора да биде подготвен, но тоа не значи дека јас заминувам“

Се вчитува...