Договорот на шпанскиот стратег Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната 2024/25, а и покрај тоа што желба на најголем дел од ривалските клубови е тој да замине од „Етихад“, судејќи по неговата последна изјава се чини дека тоа нема да биде случајот.
За време на подоготовките за новата сезона кои клубот ги одбработува во Соединетите американски држави Шпанецот говореше за иднина и наговести дека може да биде дел од Манчестер Сити и во иднина.
„Ако го сакаш тоа што го работиш зошто би престанал? Ми се доаѓа тука, исто како и во моментот кога ме вработија. Така да, одиме понатаму“, изјави Гвардиола.
Гвардиола е дел од Манчестер Сити од 2016 година. Со англискиот клуб освои се што можеше да освои, а врвот на мандатот го доживеа во 2023 година која ја освои тројната круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА