Гвардиола со лоши вести до фановите: Халанд има повреда на лигаментите

Манчестер сити едвај успеа да слави со минимални 1-0 во дуелот со Лестер сити, а надвор од тимот беше првата ѕвезда на „граѓаните“, Ерлинг Халанд.

Норвежанецот заработи повреда изминатава недела на дуелот со неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони. Гвардиола изјави дека не е сигурен до кога ќе паузира младата ѕвезда.

„Не знам до кога точно ќе паузира, има повреда на лигаментите на стапалото. Се чувствува подобро. Имаме уште една недела. Тој нема да игра против Севилја, бидејќи веќе се квалификувавме во нокаут фазата, а се надевам дека ќе може да ни помогне против Фулам. Ако не, можеби ќе игра против Челси во Лига купот“, рече Гвардиола по денешниот меч на ‘Кинг Пауер’ стадионот.

Се вчитува...