Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола истакна дека едвај чека да почне судењето на неговиот клуб поради наводна финансиска проневера. Почетокот е закажан за понеделник, 16. септември. Актуелниот англиски шампион се соочува со 115 обвиненија во периодот од 2009 до 2018 година. Доколку нешто се покаже како точно, на Сити му се заканува одземање бодови, а во најлош случај исфрлување од Премиер-лигата.
Од клубот тврдат дека сè правеле според законите, а Гвардиола се надева дека се ќе биде готово многу брзо.
„Мило ми е што се почнува и се надевам дека наскоро ќе биде готово. Толку многу се зборува и пишува. Секој е невин додека не се докаже вината. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави шпанскиот стручњак.
Сити има освоено осум од последните 13 титули во Премиер-лигата, вклучувајќи четири по ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА