Барселона сонува дека следното лето ќе успее да го доведе Ерлинг Халанд како нова „деветка“ по најавеното заминување на Роберт Левандовски, но тоа се чини како „невозможна мисија“ за каталонците ако го прашате Пеп Гвардиола.
Трофејниот стратег на Сити е презадоволен од настапите на Норвежанецот кој веќе има 11 гола зад своето име сезонава и јасно стави до знаење дека нема да дозволи Халанд да си замине од Манчестер.
„Можете ли да ми кажете еден клуб во кој Халанд не би бил засилување од соништата. Јасно ми е дека многумина сонуваат за Ерлинг, но можат да го прават само тоа – да сонуваат бидејќи нема шанси да го добијат. Нема зошто тој да си замине, има долг договор, одлично си ја врши работата, дава многу голови. Тимот исто така му помага, играта е скоцентрирана на него, така што сите се задоволни и нема зошто било што да се менува“, истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

