Гвардиола со сарказам одговори за Де Брујне: „Не, не сакам да игра“

Коментаторите ери Невил и Џејми Карагер заклучија дека има кавга во соблекувалната на Манчестер Сити помеѓу менаџерот Пеп Гвардиола и ѕвездата Кевин Де Брујн и дека кавгата е причината поради која шпанскиот стручњак малку го користи својот белгиски играч за врска.

Заклучокот беше претставен во анализата на новиот пораз на Сити, овојпат од Ливерпул (0:2). Тоа беше седми последователен натпревар за Сити без победа и шести пораз на тимот на Гвардиола во таа серија. Де Брујне учествуваше во него со 11 одиграни минути. Белгискиот играч за врска извесно време паузираше поради повреда, но беше активен веќе некое време и многумина се прашуваат дали е подготвен за поголеми напори од оние што му ги додели Гвардиола.

Менаџерот на Сити ги отфрла шпекулациите за несогласувања со играчот од средниот ред.

„Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите ли дека сакам да играм без него?“, рече Пеп и потоа почна саркастично.

„Да, сакам тој да не игра. Не го сакам на терен најдобриот играч во последната третина. Не, имам проблем со него после девет години заедно“, изјави менаџерот на Сити.

„Очајнички го сакам во неговата најдобра форма. Очајнички знам дека и тој го сака тоа. Донесе многу успеси на клубот, сакам да го имам во формата која беше со 26 и 27 години. И јас го сакам таков. Ама, нема веќе 26 ни 27. Го мачеа повреди, му треба време да се врати. Ќе се обиде тоа, сигурен сум. Чекој по чекор“, вели Гвардиола.

Се вчитува...