Гвардиола: Со трофеј во ФА купот да си ја спасиме сезоната

Манчестер Сити би можел да ја спаси лошата сезона со освојување на трофејот во ФА Купот, вели менаџерот Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ ќе треба да добијат два меча на „Вембли“ за да дојдат до пехарот, а првата пречка на тој пат е најпријатното изненадување сезонава, Нотингем Форест.

„Најпрво секако сакаме да дојдеме до финалето. Имавме лоши натпревари сезонава, но може да ја спасиме ако го освоиме ФА Купот. Факт е дека само Премиерлигата кажува колку или не била добра сезона,а но и ФА Купот не чува безбедни. Во наши раце е и имаме можност да бидеме трипати по ред во финалето на ФА Купот. Се надевам дека ќе го освоиме“ – вели Шпанецот.

Се вчитува...