Манчестер сити во драматичен натпревар вчера со 2-1 славеше против Бурнмаут. Мечот се играше додека „граѓаните“ не постигнаа гол, во 98. минута преку Рахим Стирлинг… А, по погодокот Стирлинг се упати кон навивачите да го прослави голот. Судијата Мајк Дин му додели жолт картон, што го налути Пеп Гвардиола…
„Значи, играчите не смеат да слават со навивачите. Може некој да ми каже зошто? Можеби би било најдобро да играме без публика. Навистина не разбирам. Навистина, може ли некој да ми објасни? Па човекот постигна гол и сакаше да го прослави. Што има тука лошо? Срамота“ – рече Гвардиола по вчерашниот дуел.
Сосема еднакво ситуацијата ја коментираше и Хари Реднап, стручниот коментатот на „Скај спортс“…
„Ако почнеме тоа да го казнуваме, ќе го убиеме фудбалот“ – рече Реднап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА