Гвардиола: Стар сум, фудбалерите веќе не ме почитуваат

Манчестер Сити оствари уште една победа во Премиер лигата, но и против Фулам покажа бројни слабости кога станува збор за одбраната.

Фактот дека „граѓаните“ имаа 1-5, а крајниот резултат 4-5, благо речено, ги запали црвените аларми на „Етихад“. Особено затоа што натпреварот против Фулам беше многу сличен на оној против Лидс три дена претходно.

„Јас сум стар, а играчите не ме почитуваат. Не се однесувате кон тренер на овој начин“, коментираше Пеп Гвардиола со смеа.

Се вчитува...