Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека очекува максимално залагање од сите фудбалери на Манчестер Сити во текот на сите 90 минути од натпреварите, без оглед на резултатот на семафорот.
„Граѓаните“ одиграа импресивно на вчерашното гостување против Борнмут славејќи со 1-4, а Гвардиола потсети дека никако не смее да дојде до намалување на интензитетот кај неговиот тим, пред се од почит кон навивачите кои ги бодрат на секој натпревар.
„Им имам кажано неколку пати на фудбалерите, знаат дека ќе се најдат во проблем ако не ме слушаат за тоа, колку пари земаат, тие мора многу да трчаат, од почеток до крај. Со она што го заработуваат, мора да се игра на 100% и кога водиме со 3-0 и кога резултатот е 5-0. Јасно е, мораме да играме за нашите навивачи, погледнете само колку се среќни после нашите победи. Тие луѓе патуваат со часови да дојдат на стадион, да ни дадат поддршка и ние треба да им возвратиме на најдобар можен начин“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити во следното коло од Премиер-лигата на домашен терен ќе го пречека Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

