Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Лионел Меси и Ерлинг Халанд заслужуваат да ја освојат Златната топка за оваа година. Шпанецот зборуваше за тоа пред мечот со Брајтон.
Златната топка ќе му припадне на Аргентинецот, кој ја однесе својата селекција до титула на Светското првенство во Катар, додека Халанд го носеше тимот на Сити до пехарот во Лигата на шампионите.
„И претходно сум кажал дека Златната топка треба да има двајца освојувачи. Едната да му припадне на Меси, а едната на Халанд. Халанд освои тројна круна, даде „милион„ гола. Најлошата сезона на Меси е најдобра за останатите играчи. Двајцата ја заслужуваат оваа награда. Реално повеќе би сакал Халанд да ја освои, но да не заборавиме дека Меси ја однесе Аргентина до пехар на Светското првенство“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

