Гвардиола: Трн во око сме на сите, сакаат да не нема!

Манчестер Сити денеска од 17.30 часот го пречекува Арсенал, најголемиот конкурент за титулата во Премиерлигата.

„Граѓаните“ на претходните четири натпревари од првенството ги извојуваа сите победи со гол разлика 11-3, а воедно се и на суд во кој се обвинети за манипулирање со спонзорски договори и фалсификување приходи, што може да резултира со одземање поени, па дури и исклучување од лигата.

Тренерот Пеп Гвардиола ги коментираше обвинувањата со кои се занимава клубот и истакна дека секогаш ќе работи на зачувување на угледот на Сити.

„Со жалење можам да кажам дека секогаш сакам да го бранам мојот клуб, особено во овие модерни времиња. Сите очекуваат и сакаат не само да испаднеме, туку и целосно да исчезнеме од лицето на земјата. Во овие години нашите ривали во повеќето случаи беа против нас. Не е ни чудо што сме им трн во око и им пречиме. Ќе докажеме дека не направивме ништо што не требаше“, заклучи Шпанецот.

Се вчитува...