Манчестер Сити ремизираше и во вториот во низа натпревар во Премиерлигата откако во 6. коло освои само бод на „Сејнт Џејмс Парк“.
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола имаше интересна изјава по средбата велејќи дека чувствува како цела Англија сака неговиот тим да претрпи пораз.
„Нема друг тим за кој сите сакаат повеќе да загуби од Манчестер Сити тука во Англија. Го намирисав тоа, го видов тоа, го почувствував тоа. Уххх, Манчестер Сити повторно. Воопшто не не сакаат. Ама, ајде. Во ред е. Одиме понатаму. Ајде, пробајте да не сопрете“, изјави Гвардиола по мечот со Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА