Гвардиола: Целосно сочувствувам со Алонсо, да бев јас во Реал ќе добиев отказ

Тренерот на фудбалскиот тим на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека претстојниот натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампионите е можност за неговиот тим да се докаже.

Гвардиола на прес-конференцијата беше прашан и за ситуацијата со неговиот колега Чаби Алонсо, кој е цел на жестоки критики по слабата форма на тимот, и можноста да му биде врачен отказ доколку загуби на вечерашниот меч. Пеп истакна дека е најтешко да се водат клуботи како Реал Мадрид и Барселона.

„Секако дека сочувствувам со Чаби, затоа што бевме заедно во Баерн Минхен. Беше неверојатно искуство да се работи со него, не само како тренер, туку споделувавме многу заеднички работи, семејство. Барселона и Реал Мадрид се најтешките клубови за тренирање поради притисокот и околината. Да бев таму минатата сезона, ќе бев отпуштен шест месеци пред крајот на сезоната. Тешко е да се работи, но тој го знае тоа, беше таму како играч. Секаде мораш да победуваш, инаку имаш проблем. Во Англија не гледаш ниту еден новинар кој знае се што се случува во соблекувалната, и тоа секогаш останува таму. Во Шпанија, според моето искуство, сите знаат се“, рече Гвардиола.

Се вчитува...