Атмосферата на трибините на вчерашниот дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ е тема број еден денеска во Англија, поради несоодветното однесување на дел од домашната публика.
Фановите на Јунајтед во текот на здодевниот меч се насочија со тешки навреди кон гостинскиот фудбалер, Фил Фоден, спомнувајќи ја и мајката на англискиот репрезентативец, што предизвика остри реакции.
На сето тоа не можеше да премолчи и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој на прес-конференцијата по натпреварот ги осуди коментарите како срамни и неприфатливи.
„Таквото однесување покажува недостаток на класа и интегритет. Не можам да разберам како некој може да вклучи мајка во ваква ситуација. Ова е недозволиво, треба да се засрамат. И, ова не е прашање за Манчестер Јунајтед како клуб, туку за тие индивидуите кои беа на трибините“ – изјави Гвардиола, дополнувајќи дека и фудбалскиот свет полека оди во погрешен правец, затоа што слични нешта се случуваат и на други стадиони низ светот.
OT chanting “Phil Foden… Your MUM is a S***!”
pic.twitter.com/RvsXJakc9b
— 𝗔𝗺𝗼𝗿𝗶𝗺’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀
(@AmorimBalll_) April 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА