Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола веќе подолго време е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, кој беше избран за најдобар играч во Серија А, а неговиот договор со Милан истекува 2024 година.
Според италијанските медиуми, Пеп сака да ја забрза офанзивата за потпис на Рафаел, па веќе дал зелено светло на упрвата да почнат во преговори за трансфер уште во јануари.
Милан ова лето одби богати понуди за Португалецот, но јасно е дека нема да може уште долго да го задржи, особено ако Леао до лето не стави потпис на нов договор. Каталонецот е голем симпатизер на играта на Леао и верува дека во иднина ќе биде еден од најдобрите фудбалери во светот, па сака да направи тандем со Халанд.
„Граѓаните“ нема да жалат пари да го донесат на „Етихад“ и се спремни да понудат 100 милиони евра плус бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА