Манчестер Сити има пролеми во одбраната, а тие се зголемија со повредите на Рубен Диас и на Јошко Гвардиол. За Гвардиол можеби сезоната е завршена, а Диас ќе паузира до март.
Сега Пеп Гвардиола сака да го „исчисти“ составот и од оние кои не му се потребни во иднина. Еден од нив е Џон Стоунс, кој во последно време повеќе е на трибините и повреден, отколку што е на теренот.
Затоа веројатно по завршувањето на сезоната овој искусен фудбалер ќе си замине од „Етихад“ после 10 години минати во овој тим. На Пеп Гвардиола му е веќе преку глава да го нема на располагање дефанзивецот, па затоа може да се очекува негово заминување.
Што се однесува до дефанзивци, Манчестер Сити ќе тргне по стоперот на Кристал Палас, Марк Гехи во кого Гвардиола гледа решение за проблемите во одбраната со кои се соочува во моментов, но и со оглед дека Гвардиол во иднина може да го користи и како лев бек, па нема лошо да му дојде овој стопер. Инаку Сити во следните денови треба да го официјализира потписот на Семењо од Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

