Пеп Гвардиола е во шок откако Манчестер Сити загуби во Лестер, втор пораз во низа за „граѓаните“ и трет во последните четири кола. Иако долго време играа најубав фудбал во Англија, сега избраниците на Гвардиола паднаа на третата позиција на табелата, со дури седум бода заостанување зад Ливерпул.
„И денешниот натпревар беше многу сличен на оној со Кристал палас, работевме напорно, први дадовме гол, а потоа дозволивме противникот да се врати и со пресврт да дојде до победата. Лесно можеше да се случи и ние да славиме, но тие дадоа прекрасен гол во финишот со кој ја запечатија средбата. Мора да прифатена една работа – треба да работиме многу понапорно за да се вратиме во ритам и повторно да победуваме на натпреварите. Заостануваме на табелата, но сезоната е долга, има да се игра уште многу“ – изјави Гвардиола.
Манчестер сити во следното коло на 30 декември ќе му гостува на тимот на Саутемптон, по што во првиот меч од 2019 година, на 3 јануари ќе го пречека лидерот Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА