Манчестер Сити стигна до нови три бода откако во 31. коло од Премиерлигата славеше со убедливи 4-1 против Астон Вила на крилја на фантастичниот настап на Фил Фоден кој забележа нов хет-трик.
Одличен настап имаше и хрватскиот стопер Јошко Гвардиола кој ги одигра сите 90. минути по доби пофалби од медиумите, навивачите и тренерот Пеп Гвардиола.
„Не му беше лесно да го промени првенството, но напредна многу против Букајо Сака и сега против Диаби и Бејли. Не е лесно да освојуваш дуели, но тој е многу добар со топката, тој е многу мирен и сигурен. Претходно знаеше да ризикува и да загуби топка, но сега игра многу едноставно.
Така и треба. Стопер мора да игра едноставно, мора да биде добар и да не комплицира. Од Јошко не барам да постигне хет-трик како Фоден. Тој има друга задача и други одговорности. Беше многу многу добар во последните два натпревари поготово кога ни недостасува Аке“, изјави шпанскиот стартег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА